Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

🎥 Ристевски: Независните ќе им земат од „колачот“ на СДСМ

Независните коишто ќе формираат партии пред локалните ќе земат од колач на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независните коишто ќе формираат партии пред локалните ќе земат од колач на СДСМ, но и ќе го заинтересираат неопределеното и незаинтересирано гласачко тело што и онака ретко излегува на избори. Ова е прогноза на дел од политичките аналитичарите, по укинувањето на обврската за собирање потписи за независните листи. Аналитачорот Александар Ристевски вели дека тоа ќе има влијание на излезноста.

Македонската десница со години наназад победува на локални избори бидејќи работи и остварува резултати со проекти во општините, па така наесен Ристевски не очекува никакви изненадувања во однос на резултатите што ќе ги постигне ВМРО ДПМНЕ.

По укинувањето на обврската за собирањето на потписи за учество на независните листи во изборниот процес, најгласните независни групи, како „Зелен хуман град“, „Шанса за Центар“ и „Независни за Карпош“, одлучија да продолжат со собирање на потписи, не за кандидатури, туку за регистрација на политичка партија. Оваа одлука ја образложуваат со недовербата којашто ја имале кон институциите и како што велат, страв од нови измени во последен момент и евентуално оспорување на нивното учество. Веруваат дека до крајот на месецов ќе успеат да ги соберат потписите.

Реклама

Според прогнозите, но и неизвесноста дали граѓаните ќе имаат поширока лепеза од партии  за да го дадат својот глас, најинтересно ќе биде во скопските општини Центар и Карпош. Анкетите говорат дека фаворит за татко на градот е актуелниот гадоначалник на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски. Сепак, најизвесната битка на овие локални, ќе би де во политичките блокови на албанската заедница во Македонија.