Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

🎥 Откритие што ја менува историјата: археолози од Европа открија подводна населба стара 8.000 години на дното на Охридското Езеро

Охридското Езеро, кај албанскиот град Лин,ја крие најстарата подводна езерска населба во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридското Езеро, кај албанскиот град Лин,ја крие најстарата подводна езерска населба во Европа, помеѓу 6 и 8 илјади години.Археолози од Универзитетот во Берн, Швајцарија, кои во соработка со албанските колеги, шест години го истражуваат брегот на Охридското езеро во Албанија, веруваат дека поседуваат докази кои го менуваат досегашното знаење за раната цивилизација на стариот Континент.Пронајдоците кои истраживачкиот тим ги извадил на површина говорат за постоење на организирана заедница на риболовци и земјоделци кои тука живееле меѓу 6 и 8 илјади години.

“До сега, ова е најстарото, а тоа значи дека досега некои локалитети во Италија и Шпанија, кои датираат од 5200–5300 година п.н.е., се сметаа за најстари од овој вид во Европа. Но ова што го откривме во Лин, дефинитивно е постаро за 500 години. “-вели швајцарскиот професорот Алберт Хафнер

Фактот дека е под вода совршено го зачувал органскиот материјал, па благодарение тоа имаме уникатен увид во животот на луѓето од тој период, што јаделе, како граделе, како се движеле и што одгледувале – изјавил професорот Алберт Хафнер, кој го предводи проектот.

Реклама

Луѓето што живееле тука биле многу интелигентни. Да не го заборавиме фактот дека морале да направат колосална работа – да ја сечат целата таа дрвена маса без да користат остри метални алатки. Начинот на кој ја организирале својата економија – обезбедувајќи резерви на храна, комбинирајќи земјоделство и сточарство, лов во планините и риболов во реката – покажува дека оваа заедница совршено добро знаела како да ги користи природните ресурси”-вели  албанскиот археолог, Адриан Анастаси.

Дрвените столбови од куќите, бакарните предмети, коски, керамика и други артефакти, се вадат од длабочина до три метри, при што се користат современи анализи за нивно точно датирање. Според првичните анализи, населбата се простирала на околу шест хектари и била дом на неколку стотици луѓе, кои живееле во склад со природата, ловеле, рибареле и одгледувале земјоделски култури. Досега се собрани над 1.000 примероци од дрво. Сепак,археолозите ценат дека е откриени  само 1 отсто од она што го крие езерото.За целосно истражување на локацијата, научниците предвидуваат дека ќе бидат потребни децении,оти населеното место е огромно.

 Охридското Езеро, кое го делат Македонија и Албанија и е едно од најстарите,над милион години и најдлабоки езера во Европа, повторно се најде во фокусот на светската археолошка заедница.