Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

🎥 Николоски: Државата го доби случајот „Казандол“, заштедени 115 милиони евра

Владата донесе одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата донесе одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридиорот 8. ЕУ ќе обезбеди 5,3 милиони евра грант за физибилити студија, а водечка финансиска институција ќе биде  Европската банка за обвнова и развој која ќе одбере консултант, по што ќе се оди кон втората фаза – работа на терен, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што истакна Николоски на прес-конференција, пругата е во лоша состојба и по неа сега е невозможно да се движат возови, но за две до 2,5 години од завршувањето на студијата пругата треба да биде готова.

-Затоа решивме прво да ја реконструираме, а потоа да ставиме модерна сигнализација и да ја електрифицираме. Дури и да беше во добра состојба, по железницата ќе оперираа само дизел локомотиви, рече Николоски.

Реклама

Реконструкцијата ќе овозможи, потенцира вицепремиерот, поврзување на Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар – Кичево.

Николоски соопшти и дека државата го добила случајот „Казандол“.

-Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка „Казандол“ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен, подвлече Николоски.

Тој смета дека државата ќе добие уште најмалку два случаја.

-Ова се затворени процеси и до донесување пресуда детали не смеат да се изнесуваат. Постапките се многу комплицирани. Но, ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи и зошто овој случај бил затворен во декември 2023 година. Ние повторно го отворивме, имало простор и едев го добивме, објасни Николоски.