Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Јосифовски: Да се преевалуираат сите процедури за градба

Недоволно се посветува внимание на градежните работи, посебно во густо изградените урбани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недоволно се посветува внимание на градежните работи, посебно во густо изградените урбани средини, како што е центарот на Скопје. Треба да се преевалуираат сите процедури за тоа што е неопходно да се исполни пред да се почне со градба. Во законската регулатива не постои задолжение за изведба, за проект за заштита на градежни јами и токму од тука настануваат сите проблеми како овие, изминатите два-три месеца, рече денеска деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски.

Како што оцени професорот, сите институции во својот домен треба да го направат она што е потребно.

– На едно од претходните случувања имавме и човечки жртви, односно човечка загуба, што е нешто најстрашно што може да се случи. Сметам дека треба да се разбудиме, треба сите институции во својот домен да го направат она што е потребно, а ние како Градежен факултет и фела, тука сме да ги дадеме нашите согледувања и инструкции – што е неопходно да се направи за да вакви состојби не се повторуваат во иднина, напомена Јосифовски.

Реклама

Тој информира дека Општина Центар веќе доставила до Градежниот факултет писмо со барање совети за санирање на свлечиштето во центарот на Скопје. Се одржал кризен состанок и дадени се експертски препораки. Најбитната е, истакна Јосиф Јосифовски, да се затрупа градежната јама и да се врати во првобитна состојба, па потоа да се бараат решенијата, за што се согласиле и градоначалникот и инвеститорот.

– Писмото пристигна вчера претпладне на Градежниот факултет. Синоќа во просториите на Општината Центар се одржа кризен состанок на кој присуствував и јас. Се донесоа интервентни одлуки и мерки – што треба да се прави веднаш, се дадоа и налози како понатаму ќе се постапува па во наредните денови ќе има разрешница. Најбитно е што ние се потрудивме како експерти да ги дадеме најдобрите совети за состојбата да се санира и да немаме проширување на тој проблем на соседните објекти, од што и најмногу стравуваме, објасни деканот.

Вакви инциденти, според професорот, се случуваат зашто не се следат позитивните искуства и практики за заштита за градежни јами, а и инспекторите се дефицитарни.

– Општина Центар нема соодветен инспектор кој може да излезе на терен и да направи соодветен увид. Со оглед на тоа што имав увид и во техничката документација конкретно за овој проблем, морам да кажам дека работите не се изведени и заштитата не е направена согласно постојната техничка документација, што значи немало ни стручен надзор на терен, инженер со овластување кој е задолжен тоа да го прави, кој имал шанса и да реагира и да бара да бидат изведени работите на терен како што се проектирани, потенцира Јосиф Јосифовски.

Професорот дополни и дека не се соодветно оградени градилиштата, зградите што се градат.

– Тоа беше исто спомнато на вчерашниот состанок дека мора да има тврди прегради, да се заштити просторот, зашто вака не ги задоволува критериумите на заштита и има опасност од некаков дополнителен немил настан, дециден е деканот на Градежниот факултет.