Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Јаневска: Случајот на Филозофскиот факултет при УКИМ и уште еден на Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека случајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека случајот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје и уште еден случај на Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство.

– На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје поништуваме осум дипломи на веќе поништени осум уписи и денеска тоа ќе излезе во весниците и на веб -траницата на Министерството за образование и наука. Станува збор за 17 студенти, од кои некои се запишани на втор циклус и завршиле. Ова се тие осум, а другите продолжиле на трет циклус. Едно уверение не е поништено од страна на Факултетот и тој е задолжен да го поништи. Откако ќе постапи Факултетот, ние ќе ги поништиме и уверенијата на сите овие осум студенти. Тоа е првото нешто, значи МОН постапува по закон и не прави разлика дали се приватни и јавни универзитети. Секаде каде што ќе забележиме неправилност, ние постапуваме – рече Јаневска.

Посочи дека втората неправилност, која е констатирана, е веќе објавена, на Славјанскиот универзитет се поништени две дипломи на еден студент, кој во исто време студирал додипломски и постдипломски и постои сериозно сомнение за фалсификат и на двете дипломи.

Реклама

– Случаите од Филозофскиот факултет на УКИМ и од Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство. Дефинитивно, Јавното обвинителство ќе утврди понатаму во своите ингеренции како треба да ја води постапката – додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката.