Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

„Црна листа“ во Брза помош – Дали некој намерно си игра со граѓаните на кои им треба лекарска интервенција!?

Соња Стамбовска од Крпош која сама се грижи за својата 94 годишна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соња Стамбовска од Крпош која сама се грижи за својата 94 годишна мајка Јела, која боледува од Алцхајмер и има повеќе хронични заболувања води битка со брзата помош. Тврди дека во моменти кога лекарската екипа и била најпотребна не и помогнала. Дури како што раскажува пред камерата на Алфа, била ставена и на црната листа на брзата помош. Неколку пати се нашла во ситуација да ги повика, но последниот пат како што раскажува одбиле да и помогнат и не ја знае причината за тоа.

  • „Мајка ми тотално се изгуби и беше мртовец. Што да и правиш во таа ситуација? Се јавувам, напрајте вака, напрајте онака, не можеме да дојдеме. Јас бев потресена и плачев. Викам, не е работата да и помогнам јас. Треба медицинска помош, мајка ми можеби е умрена. Дојдете да установите смрт. Они ми рекоа, мајка ти е стара и имате забрана вие за Брза помош, бидејќи често сум ги барала. А зошто ги барам често. Јас живеам сама.“ – Раскажува Стамбовска.

Но, ова не било прв пат брзата помош да одбие да и помогне. Стамбоска револтирано раскажува како неколку дена пред оваа ситуација, лекарските екипи кои интервенирале рано наутро, запишале извештај дека треба да дојдат повторно. Но морала и тогаш да ѕвони, за да ги потсети што стои во извештајот. И со часови чекала да пристигнат. Но и откако пристигнале, одбиле да и укажат лекарска помош на нејзината мајка.

  • „Ме виде мене во пижами, ми рече, „а вие сте легнале“. Младите докторчиња веќе влегоа во станот. Им рече да излезат. Им објаснив како веќе била Брза помош и како во извештајот запишале да дојдат повторно. Он не сакаше да слуша, ги внесе во лифтот и мене ми рече „марш таму“. – Вели Стамбовска.

Алфа се обрати до службата за Брза помош, во обид да добие објаснување што се случува и зошто постои црна листа за повици. Одговор не добивме, најавија дека по продолжението викенд ќе споделеле информација.

Реклама

Во меѓувреме, Стамбовска мора да бара брза помош од приватните клиники и да плаќа по 3000 денари, па вели оти и е нејасно, зошто целиот свој живот таа и нејзината мајка плаќале здравствени придонеси кон државата, ако сега не можат да очекуваат помош од инстутциите ниту во момемнти кога станува збор за живот или смрт.

Никола Цветкоски