Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Преку уметноста и културата до поддршка на туризмот. Регионалниот карактер на филмскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку уметноста и културата до поддршка на туризмот. Регионалниот карактер на филмскиот фестивал „Преку езерото“ има цел дополнително да привлече туристи во југоисточниот регион на Македонија и да изгради културни мостови меѓу Струмица, Гевгелија и Дојран. Идејата на организаторите да го прошират фестивалот токму во овие три града произлегува од нивната меѓусебна поврзаност, но и од потенцијалот што го нудат за развој на туризмот.

„Во принцип, не е многу тешко да се разбере зошто фестивалот го правиме регионален и зошто токму овие три града. Струмица, Дојран и Гевгелија се градови кои си наликуваат еден на друг, а дури и исти семејства и роднини живеат во нив. Тие практично формираат еден специфичен триаголник на југоистокот од Македонија. Идејата е преку уметноста и културата да го поддржиме и туризмот. Да почне регионот повеќе да комуницира, публиката и граѓаните да се движат низ регионот, а ние да ја поставиме културната и уметничката рамка, по што општеството, бизнисот и индустријата ќе го најдат своето место во туристичкиот развој. Овој дел од Македонија има навистина многу што да понуди“, изјави Јани Бојаџи, директор на Филмскиот фестивал „Преку езерото“

Регионот има визија, креативност и потенцијал да биде препознатлив културен простор на Балканот, смета градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков. Според него, фестивалот е уште една можност за промоција на општината и за привлекување посетители. Јанков присуствуваше на отворањето на фестивалската програма во Струмица, каде што беше прикажан иранскиот филм „Проекционист“.

Реклама

„Заедно со Дојран и Гевгелија испраќаме порака дека нашиот регион има визија, креативност и потенцијал да биде препознатлив културен простор на Балканот. Особено ме радува што токму во Струмица ќе бидат презентирани краткометражните и студентските филмови – простор каде што се раѓаат новите филмски автори и новите идеи. Искрено им честитам на организаторите за визијата и посветеноста. За само пет години создадоа фестивал кој прерасна во значајна меѓународна културна платформа“, изјави Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица

Покрај регионалниот концепт и повеќе од 50 филмски проекции во Дојран, Струмица и Гевгелија, годинава фестивалот првпат ја воведува програмата „Земја во фокус“, посветена на современата иранска кинематографија. Ексклузива на фестивалот е интернационалната премиера на иранскиот филм „Коцкар“, во режија на Мохсен Бахари.

„Подготвивме избор од пет современи ирански долгометражни играни филмови, со кои навистина ставаме фокус на тоа што се случува во современата иранска кинематографија. Благодарение на нивната сесрдна помош, веројатно сме единствениот фестивал во Македонија што ќе има интернационална премиера на ирански филм. Така, во Дојран ќе биде прикажана интернационалната премиера на иранскиот филм „Коцкар“, изјави Јани Бојаџи, директор на Филмскиот фестивал „Преку езерото“

Официјалното отворање на Филмскиот фестивал „Преку езерото“ е вечерва на брегот на Дојранското Езеро, кога ќе биде доделена и наградата за високо професионално достигнување „Мето Јовановски“. Годинашен добитник на признанието е македонскиот актер Тони Наумовски.