Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Tоп

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Од дома го собра полициско комбе, па преку судскиот подрум го донесоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од дома го собра полициско комбе, па преку судскиот подрум го донесоа до шалтерот од Кривичен суд. Оттаму го седна на столче во судницата каде го дочекаа осум кутии копии од докази против него. Од прв вицепремиер и човек кој палеше и гасеше во државата, до обвинет во прв ред пред судијата.

Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа. Ги слушна правилата и роковникот на судењето што го чека за милионскиот криминал во „Државна Лотарија“. Ќе се појавува минимум по два пато неделно на суд, а додека го чека следното рошиште закажно за 7-ми септември, од дома каде е во куќен притвор,  ќе чита обвинение против него и ќе ги разгледува докази за злоупотреба на службената положба и овластувањата што ги направил како екс заменик претседател на Владата. За истото кривично дело се товарат и останатите седум обвинети меѓу кои и екс директорот на Државната лотарија Перпарим Бајрами кој е во бегство. Казната која им се заканува е од една до максимални пет години затвор.

Судијката планира по најмалку две рочишта неделно оти се работи за брза постапка, а обвинителот Даниел Коцев најави дека за четири рочишта би требало да заврши со презентација на 230 докази и испрашувањето на седум сведоци.

Реклама

Злоупотребите на обвинетите, Коцев ќе ги докажува со вештачење.

  • „Материјалните докази, со исклучок на вештиот наод и мислење, би ги извеле на едно рочиште. Во однос на вербалните докази, зависи од вкрстените прашања, но би завршиле за две до три рочишта “, рече обвинителот.

Копии од доказниот материјал подготвен во осум хартиени кутии им беше даден на сите обвинети и адвокатите, вклучително и до бранителот на Бајрами, иако поранешниот директор на Државна лотарија е во бегство.

Груби по 14-месечно бегство се предаде на граничниот премин Блаце на 23 февруари 2026. Беше избеган во Косово, каде за влез не треба пасош туку само лична карта. По поминати само неколку часа во Шутка, скопското обвинителство се премисли па му се ублажи мерката во куќен притвор. Таму може да биде само уште месец и половина, поради тоа што предметот е во брза постапка, а судијката ги закажа следните 13 рочишта. Прво обвинетиот Бајрами, се гони бидејќи како екс директор на Државна лотарија иницирал приредување електронски игри а среќа и набавил ВЛТ терминали. За тоа потпис од Владата му ставил Артан Груби кој раководел со седницата како прв вицепремиер кога се донела таквата одлука, спротивно на законите. Обвинет е и екс ген сек на Владата Методија Димовски.