Реклама

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Македонија

Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот

Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб. Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници, изјави Александра Николовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конферанција.

Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински кадар.

Владата донесе одлука да го откочи процесот и да овозможи вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Со ова се заокружува предвидената бројка од 600 приватни специјализанти од кои првите 300 веќе се вработени.

Реклама

Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од Скопје, како и дефицитарните медицински профили.

Тоа значи дека ќе го јакнеме здравствениот систем таму каде што има најголема потреба. Процесот ќе продолжи преку обновување на повикот и изразување интерес од кандидатите кои останаа надвор од првиот бран на вработување. И ова е сериозна поддршка за младите лекари. Но уште поважно ова е инвестиција во иднината на македонското здравство.

Граѓаните од Штип, Тетово, Кичево и другите градови и региони мора да имаат пристап до специјалистичка здравствена услуга во своето место, а не да бидат принудени за секој преглед или интервенција да патуваат во Скопје.

Со вработувањето на овие специјализанти им даваме перспектива на младите лекари, но истовремено обезбедуваме и посилни јавни здравствени установи низ целата држава.

Паралелно со решавање на кадровскиот дефицит обезбедивме и раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи.

Овој раст е резултат на договорите што Владата ги потпиша со репрезентативните синдикати и е предвиден како долгорочен процес. Само во 2024 година средствата за плати во здравството се зголемија за 10% додека за 2025 година беше предвидено дополнително зголемување од 5% а за тековната 2026 година од 5 до 7%.

Средствата за плати во здравството за следната 2027 година предвидено е да се зголемат за уште 5 до 7% додека за 2028 година од 7 до 10%. Тоа значи дека во периодот опфатен со договорите растот на платите во здравството ќе надмине 40%.

Особено внимание посветуваме на медицинските сестри и средниот медицински персонал кои секојдневно се на првата линија во грижата за пациентите кои на крајот од 2024 година добија нето покачување од 3850 денари.

Нашите здравствени работници заслужуваат подобри услови за работа, повисоки плати и сигурна професионална перспектива, затоа што здравствените работници се инвестиција во здравјето на секој граѓанин. Со конкретни мерки, чекор по чекор Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради здравствен систем со повеќе лекари, повеќе специјалисти, подобро платени здравствени работници и поквалитетна здравствена услуга.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: