Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Двете лица на Трендафилов: Јавно борец за повисок минималец, зад завесите – работници со 24.000 денари

Се колнеше во се живо и диво дека нема скриен мотив, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се колнеше во се живо и диво дека нема скриен мотив, се жалеше дека нема работниците од што да живеат, сакаше да ги вади на улица на масовни протести со една цел – власта да ја покачела мининималната плата на 500 евра. Тоа е претставата за во јавност. Зад завесите, како шеф, своите вработени ги држел на минималецот од 24.000 денари. Тој што ќе побарал повеќе пари, бил изложен на мобинг и закани за бркање од работа. Ова се двете лица на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Од документите што ни ги доставија работници, се гледа дека вработени во ССМ, гранковите синдикати и СИНГ АД, компанија која стопанисува со имотот на ССМ, скоро сите освен Трендафилов и неговите најблиски соработници, добиваат минимална плата. Тие на кои им иронично им се насмевнала среќата, добиваат и повисока плата – од едвај 25.000 денари. За разлика од нив, Трендафилов зема 75 илјади, се вози насекаде со службено возило, а неговите најблиски соработници не се под 500 евра. И тоа не е тајна.

„Тоа е можно за мала група луѓе. За тројца, четворица кои се околу него. Тие му се полтрони на Слободан трендафилов иначле јас и уште неколку колеги сме на минимална плата, на минималец. И зимо и лето протестиравме за поголеми плати, но ние самите немавме зголемување на плата, само го лажебвме народот“ ни изјави Благица Стојчевиќ од ССМ.

Паралелно, работниците се соочувале и со мобинг и со закани за бркање од работа само доколку побарале поголеми плати. Поради притисокот, веќе седумкина вработени заминуваат од работа, а остантоте се жалат дека од доаѓањето на Трендафилов за прв човек на синдикатот драстично се влошиле условите за работа.

Реклама

„Неговиот однос во однос на покачување на платите… секогаш бил негативен, со закани дека синдикатот нема пари доволно, не може да ни ги покачи платите, дури и со закани дека ќе ни избрка од работа доколку бараме покачување на платите“, додаде Стојчевиќ.

И додека синдикатот се претставува за борец на правата на работникот, зад грб работи за личен интерес, велат вработените. За официјален став и коментар на овие обвинувања го побравме и Претседателот на ССМ, Трендафилов. Го баравме неколку пати во текот на денот, а воедно испративме до него и порака со прашања преку Вибер, но досега не добивме одговор.