Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Сали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформите

Во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, денеска се одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, денеска се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите Нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите. На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите Нации за континуираното партнерство и ја нагласи важноста на овој механизам во период кога институциите паралелно работат на спроведување и планирање на реформите што треба да дадат конкретни и мерливи резултати, соопштија попладнево од Кабинетот на министерот за европски прашања.

– Спроведувањето на обврските од Реформската агенда ќе го определи не само темпото на нашиот напредок во рамки на Инструментот за реформи и раст, туку и квалитетот и кредибилитетот на поширокиот процес на европска интеграција. Затоа, кон секој реформски чекор мора да пристапиме сериозно, со професионална одговорност и силен фокус на резултатите – истакнал Сали.

Се додава дека PREF има за цел да им овозможи на институциите брз и структуриран пристап до претходно проверени домашни и меѓународни експерти.

Реклама

– Соодветната експертиза може да биде идентификувана во рок од десет работни дена по одобрувањето на барањето, со што институциите ќе можат навремено да добијат целна поддршка за подготовка на сложено законодавство, проценки на влијание, патокази и стратегии, како и за зајакнување на институционалните капацитети – се истакнува во соопштението.

Министерот Сали нагласил дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност.

– Надворешните експерти можат да обезбедат знаење, анализи и технички решенија, но приоритетите мора да ги дефинираме ние, процесот мора да го водиме ние, а конечните резултати мора да бидат наша сопственост и наша одговорност за нивното спроведување – се додава во соопштението.

Институциите биле повикани внимателно да ги разгледаат чекорите од Реформската агенда за кои се надлежни и да ги идентификуваат областите каде специјализираната експертска поддршка може директно да го забрза спроведувањето, да помогне во надминување на техничките пречки и во исполнување на договорените рокови.

Министерството за европски прашања, како што се наведува, ќе продолжи да им дава поддршка на институциите во текот на процесот и да ја обезбедува потребната координација со Обединетите Нации.

– Успехот на Реформската агенда нема да се мери според бројот на планови што ќе ги усвоиме или состаноци што ќе ги организираме, туку според тоа дали реформите се завршуваат навреме, дали институциите функционираат подобро, дали граѓаните и бизнисите гледаат конкретни подобрувања и дали нашата земја се приближува кон полноправно членство во Европската Унија – порачал Сали.