Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Клековски: Се работи на надминување на дефектот на циклотронот, откако ќе почне да работи приоритет ќе имаат пациенти од Онкологија и Хематологија

Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде се произведува радиофармацевтското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде се произведува радиофармацевтското средство (18F-FDG) потребно за прегледот. Дефектот е резултат на лошо сервисирање и веќе се работи на негово надминување. Ова го објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил.

– Со почеток на работењето на циклотронот приоритет имаат пациентите според насоките на клиниките за онкологија и хематологија! Предизвиците со сервисот не можат да ја замаглат реалната состојба. Во 2025 година се направени 2.703 прегледи наспроти 2.183 во 2022 година — тоа е 520 прегледи повеќе, односно раст од ~23,8 отсто, и покрај тоа што има речиси двојно повеќе сервисни денови – наведува Клековски.

Посочува дека и покрај големиот број денови на прекин во работењето, бројот на прегледи на пациенти се зголемувал, што според него, е знак дека тимот успешно го надоместува изгубеното време и продолжува да опфаќа повеќе пациенти.

Реклама

Тој упатува благодарност до тимот на Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија.

– Продолжуваме да обезбедуваме уште повеќе можности за пациентите! – објави Клековски.