Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Прилози

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

СДСМ бега од избори, зошто се свесни дека ќе доживеат нов дебакал.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ бега од избори, зошто се свесни дека ќе доживеат нов дебакал. По фрлената ракавица од премиерот Мицкоски дека е подготвен да оди на изборно соочување ако побара опозицијата, стравот на Филипче излезе на површина. Според експертите  лицемерно и несериозно е однесувањето на првиот човек на СДСМ, кој во иста реченица тврди дека е подготвен да оди на избори, но истовремено порачува дека нема да биде алиби на власта.

„Се работи за класично едно вербално херојство без сериозна намера да се прифати еден изборен ризик, бидејќи се свесни колку тежат на политичката сцена и како би поминале на евентуални парламентарни избори. Од друга страна да велите дека нема да му бидеме алиби за избори на премиерот Мицкоски, а од друга страна да велите постојано бараме избори е лицемерно“ – вели професорот Јове Кекеновски.

Опозицијата наместо постојано да бара избори, бега од соочувањето со народот. Според упатените тоа доволно зборува за политичката сцена во Македонија. Доколку се одржат предвремени парламентарни избори , со оглед на тоа како што во моментов стојат работите со рејтингот на политичките партии, тоа би значело зацврстување на власта на ВМРО ДПМНЕ и продолжување на мандатот за нови четири години.

Реклама

„Јас да сум на местото на премиерот со соодносот 1-3 во однос на ВМРО-ДПМНЕ би распишал избори и би обезбедил нов четиригодишен мандат“ – вели професорот Јове Кекеновски.

Засега ДУИ е единствената опозициска партија, којашто експлицитно побара предвремени избори.