Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Владата прави сè за да им помогне на превозниците и единствен начин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата прави сè за да им помогне на превозниците и единствен начин ова да се реши е да се склучуваат билатерални договори со државите од Шенген– ова е одговорот на Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски откако Асоцијацијата на транспортери Макамтранс најави протест на 31-ви август. Тој вели дека Владата одамна знае и има разбирање за нивните проблеми дека не можат да останат да возат во Унијата повеќе од 90 дена во 6 месеци или 180 дена годишно. Информира дека Владата презема активности преку склучување на билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со други земји членки. По Швајцарија, Романија и Хрватска, следна ќе биде Австрија.

„Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Главна цел е прво да се склучат договори со државите низ кои најчесто возат македонските пребозници. Николоски додава дека на овој начин се покриваат главните рути по кои се транспортираат стоките.

Реклама

„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“ – истакна Николоски.

Македонските превозници идниот понеделник се договорија да излезат на протест и два часа да ја блокираат крстосницата пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје како знак на револт поради ограничувањата при нивниот престој во Шенген зоната. Ваков протест ќе има и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.