Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Судскиот совет загрижен за кадровската состојба во Основниот суд Штип, расправаше и за продолжување на мандатот на судија во Управниот суд

Судскиот совет на денешната седница ја отвори состојбата во Основниот суд Штип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на денешната седница ја отвори состојбата во Основниот суд Штип по неодамнешното унапредување на петмина судии во Апелациониот суд Штип, при што беше оценето дека судот се соочува со сериозен кадровски дефицит што може да влијае врз неговото редовно функционирање.

Во расправата беше посочено дека Основниот суд Штип, кој има проширена надлежност, по изборот на пет судии во повисок суд останува со седум судии, вклучително и претседателот на судот. Дополнителен проблем, според членовите на Советот, е тоа што двајца од преостанатите судии имаат помалку од две години судиски стаж и согласно Законот за судовите не можат да постапуваат по предмети од надлежност на суд со проширена надлежност.

Членката на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска оцени дека состојбата е сериозна и предупреди дека судот тешко ќе може да ја одржи досегашната ажурност со толку мал број судии.

Реклама

Според неа, и досега судот работел на граница на кадровските можности, а по заминувањето на петтемина судии ризикот од застој во работата дополнително се зголемува. Таа посочи дека од Основниот суд Штип веќе пристигнало барање до Советот за преземање мерки и предложи координаторите на судовите во наредните недели да направат анализа на кадровските капацитети и можностите за надминување на проблемот.

Во текот на седницата Советот расправаше и за барање поврзано со продолжување на вршењето на судиската функција на судија во Управниот суд по исполнување на условите за пензионирање. Во дискусијата беше отворено прашањето за поднесената изјава од судијата Љулзим Салиу и роковите предвидени со Законот за работните односи. Членовите едногласно го прифатија барањето на судијата за продолжување на вршењето на судиската функција на судија во Управниот суд.

Судскиот совет на денешната седница не го прифати барањето на Коалицијата „Сите за правично судење“ за присуство на нејзини претставници како набљудувачи во постапките за утврдување одговорност на судии и претседатели на судови.

Во расправата дел од членовите на Советот ја истакнаа важноста на транспарентноста во работењето на институцијата, но оценија дека во конкретниот случај мора да се земат предвид правата на судиите за кои се водат постапките.

Еден од членовите посочи дека Судскиот совет има законска обврска да ги заштити правата на судиите кои се предмет на постапки за утврдување одговорност и дека токму од тие причини треба внимателно да се пристапи кон прашањето за присуство на надворешни набљудувачи.

На седницата Судскиот совет донесе и одлуки за разрешување и избор на судии поротници во Основниот граѓански суд Скопје. Советот расправаше и по известувања за утврдена фактичка состојба, извештај за повторување постапка по пресуда на Европскиот суд за човекови права, како и за формирање комисии на известители по барања за поведување постапки за утврдување одговорност на судија или претседател на суд на затворена седница за јавноста.