Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Оштетени куќи, покриви, поплавени домови, искршени автомобили. Над стотици  пријави за штети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оштетени куќи, покриви, поплавени домови, искршени автомобили. Над стотици  пријави за штети од силното невреме кое го зафати Скопје пред еден месец пристигнале до општинските комисии. Во петокот  истече рокот за пријавување, а сега се комплетира документацијата, по што се очекува да стартува обезштетувањето. Во општина Аеродром пристигнале 150 пријави.

„Постојат две големи групи на штети, тоа се оштетени возила кои се пријавени до општина Ааеродром како последица од невремето односно паднати дрвја и оштетени кровови  на колективни индивидуални домаќинства и тие се двете најголеми групи на штети, постојат  штети  од протекување,  поплавување, но оштетени возила и кровови се најголемите штети“, изјави градоначалникот на Аеродром Дејан Митески.

Се обработуваат пријавите и во Карпош, Центар, Гази Баба. Од Град Скопје најавуваат дека во наредните денови ќе се одржи нов состанок со градоначалниците на скопските општини, на кој ќе се сумираат пријавите и ќе се разговара за понатамошниот тек на постапката.

Реклама

„Градоначалникот Георгиевски повторно ќе има состанок со градоначалниците на кои ќе се утврдуваат бројот на пријавени  штети и согласно законската регулатива и воспоставена пракса ќе се започне постапка за поддршка на граѓаните при санација на оштетувањата на објектите за домување“, велат од Град Скопје. 

По завршувањето на работата на комиисиите треба да се утврди вкупниот обем на материјалната штета. Комисиите израбоуваат  елаборат за сите барања,  кој  треба да го достават до Владата, која пак ја  презема обврската да им помогне на општините и граѓаните да ги исплати нивните штети.