Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Трајановски: Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази,  во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево – Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. 

– На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада македонската јавност и сите кои патуваат видоа дека има голем напредок. Од 57 километри,  37-38 километри се пуштени, а за останатите делови интензивно се работи. Очекуваме на крајот на октомври да го пуштиме делот од Извор да се качиме на автопатот и преку тунелот до Врбјани (од Врбјани до Ботун веќе е автопатско решение) а следната година во мај очекуваме да биде запазен рокот. Има динамика за тоа со третиот кредит што го зеде ЈПДП. Има добар динамички план. Веќе се гледаат работите при крајот, се гледаат работите што не беа предвидени  како нови технички решенија за галериите. И денеска сите инволвирани – изведувачи, проектанти, надзор, имавме состанок кај вицепремиерот, така што тој рок останува – рече Трајановски во гостување на една од националните телевизии.

За изградбата на Кичево-Охрид досега се земени три заеми и како што рече, вкупно ќе чини околу 800 милиони евра.  

Реклама

Според Трајановски, со добра динамика се одвива изградбата на автопатските делници што ги гради „Бехтел и Енка“ Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани.  Многу важен проект, посочи, е делот од Кичево до Букојчани за каде во тек е избор на изведувач и очекуваме во септември да почне да се гради.  

– За изградбата на автопатот Скопје-Блаце веќе е избран изведувач – конзорциум предводен од „Гранит“ со кој месецов ќе потпишеме договор. Во меѓувреме „Гранит“ се мобилизира на терен и очекуваме во втората половина  на август да почне изградбата на патот кој долго се најавуваше и е од големо значаење за Македонија и Косово. Ќе го воведеме во работа изведувачот во текот на август, а во тек е избор на надзорот од страна на ЕБРД и ЈПДП. По воведувањето во работа ќе ги почнат теренските активности, испитувањата на теренот,  расчистувањето на трасата – рече Трајановски. 

Цената на чинење по километар од 20 милиони евра, појасни, е поради тоа што се наоѓа во планинскиот предел на Скопска црна гора, ќе се градат пет тунели, девет мостови, многу косини, потпорни ѕидови, потпатници…   

Директорот на ЈПДП соопшти дека за потегот од Романовце до Страцин се работи на тендерска документација за експресен пат и пти се очекува следната година да биде објавен тендерот за физибилити студија по што треба да се обезбедат средства за изградбата.