Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Талат Џафери чиј син стана обвинител е навикнат да го брани неодбранливото – не можел да му сугерира на Мерко да даде оставка

Институциите, а не ДУИ треба да му пресудат на Рамиз Мерко. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институциите, а не ДУИ треба да му пресудат на Рамиз Мерко. За интегративците не е довлно тоа што САД го стави на црната листа струшкиот градоначалник за да бараат негова оставка, па ќе чекале судските органи да кажат дали Мерко наравил криманл. Ова е одговорот на спикерот Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите прашан  дали ДУИ ќе побара одговорност од Мерко и ќе побара да поднесе оставка од функцијата Градоначалник  . За да ја напушти градоначалничката фотелја, Џафери не можел да му сугерира на Мерко, тоа било негова лична одлука оти бил избран од народот.

Ако се потврдат наводите од Стејт департментот може да го разреши од партиска функција. За градоначалничката функција нема потреба јас да коментирам тоа е друга власт, произлегува од граѓаните на директни избори. Друг коментар може да се сфати како мешање на властите. Јас сум претседател на Собрание и не можам да сугерирам кој што треба да прави. Тој е избран на избори и одговара пред граѓаните. Партијата не сугерира што ќе правите со себе. Институциите треба да постапуваат. Партијата не е башибозук, туку има Статут“, рече Собранискиот спикер .

Иако беше широка дискусија со новинарите на брифингот за наредните постапки на ДУИ, Џафери не сакаше својот став да го повтори пред камерите, она што го кажале од Стејт Департментот не било предмет на оценка на Собранието . 

Реклама

Мислам дека доволно дебатиравме внатре, нема промена на ставот, изјави Џафери .

Што се однесува до внукот на партискиот лидер , Дрин Ахмети, кој покрај тоа што ја купи „ Соравија“ , според опозицијата добил  и тендер од државната ЕСМ,  Џафери не сакаше да коментира. Дрин Ахмети немал никаква врска со ДУИ, па нема партијата што да коментира .

Нема ниту има потреба ДУИ да преземе чекори по однос на тоа прашање . Партијата ќе си постапи за она што е врзано за партијата, во кое својство е тоа што е внук, од кај да знам јас што  претставува.

За потсетување, синот на Талат Џафери, Барлет Џафери положи правосуден испит пред да дипломира. За Џафери немаше ништо спорно во овој случај, тој го бранеше така што посочи дека и неговото дете имало право да работи.

Кристина Алексиеска