Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

Сончевата енергија е недоволно искористена – потребни се инвестиции во електроенергетската мрежа

Од термоцентралите во Битола и Кичево, до сончевите панели на покривите –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од термоцентралите во Битола и Кичево, до сончевите панели на покривите – Македонија треба да го забрза преминот кон обновливи извори на енергија. Експертите предупредуваат дека без инвестиции во инфраструктурата, енергетската транзиција ќе биде забавена. Укажуваат дека постепено треба да се намалува зависноста од јагленот и да се зголемува производството на електрична енергија од сонце. Во моментов околу 70 проценти од електричната енергија во земјава доаѓа од јаглен, преку РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Според податоците, бројот на граѓани и компании кои произведуваат сопствена енергија сè уште е многу мал. Во 2024 година, вкупната инсталирана моќност кај потрошувачите-производители изнесувала околу 25 мегавати, што е околу 0,03 проценти од вкупниот електроенергетски капацитет во државата.

„За жал, во последните неколку години се направија многу приватни фотоволтаични централи кои што го зафаќаат местото на граѓаните, на граѓанската енергија, и во моментот имаме градови каде што, за жал, нема техничка можност тие граѓани, доколку постанат прозјумери, односно не ни можат да постанат прозјумери, затоа што мрежата не може да го прими вишокот произведена енергија. И такви градови се многу“, – вели Бојана Станојевска Пецуревска од Центарот за климатски промени.

Реклама

Но, и покрај законската можност, потенцијалот на сончевата енергија сè уште е недоволно искористен. Главната пречка, според експертите, не се само финансиските средства, туку капацитетот на електроенергетската мрежа.

„И она што мора да се напомене е дека мора да постојат фондови што ќе им помагаат на домаќинствата, затоа што не можеме да очекуваме дека домаќинствата целиот товар ќе треба да го носат сами. Затоа треба да има фонд за енергетска ефикасност, фонд за животна средина, кој што ќе биде постојано отворен, а не да биде по принципот „прв дојден – прв услужен“. На пример, ако другата година нема повик, вие не можете да инвестирате. Идејата е дека ние, како граѓани, мора да си ги планираме инвестициите, односно парите да ни бидат достапни во секое време, за да можеме да инвестираме“, – вели Филип Стојановски од Центарот за климатски промени.

Досега системот беше поставен така што државата произведува, а граѓаните користат. Сега се менува концептот – граѓаните можат да бидат производители, но за тоа ни требаат и технички капацитети. Со поставување фотоволтаици на покривите, граѓаните можат да произведуваат струја за сопствени потреби, а вишокот да го вратат во мрежата.