Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Во Општина Илинден се асфалтира улицата „3“ во локалната економска зона „Марино – Кадино“

– Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните активности во локалната економска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните активности во локалната економска зона „Марино – Кадино“, каде што во тек е асфалтирање на улица „3“.

Увид во градежните работи извршил градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој информирал дека улицата се асфалтира во должина од околу 400 метри и широчина од 7 метри, како и систем за прифаќање и одведување на атмосферските води, соопштија од Општината.

Оттаму додаваат дека со асфалтирањето на улицата значително ќе се подобри пристапноста до локалната економска зона, ќе се создадат услови за побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, а компаниите и стопанските субјекти ќе добијат подобри услови за непречено функционирање.

Реклама

-Со реализација на овој проект, Општина Илинден продолжува со континуирано унапредување на локалната инфраструктура и создавање современо и функционално деловно опкружување во економските зони – додаваат од Општина Илинден.