Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Општина Берово одбележа 82 години од формирањето на 50-та Дивизија на НОВ и ПОМ

Во беровското село Митрашинци, денеска, беа одбележани 82 години од формирањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во беровското село Митрашинци, денеска, беа одбележани 82 години од формирањето на 50-та Дивизија на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов“.

Одбележувањето започна со едноминутно молчење, во знак на длабока почит кон загинатите борци и револуционери, по што делегации положија цвеќе пред споменикот во село Митрашинци.

Пред присутните беше прочитан пригоден реферат, во кој беше потсетено на формирањето и дејствувањето на дивизијата, како и на историските настани и борбите кои го одбележале овој период.

Реклама

Во рамки на свеченото обраќање,  беше истакнат борбениот дух, храброста и непокорноста на разловечките востаници, кресненските бунтовници и илинденските идеолози, чии стремежи и борба низ историјата,  придонесоа кон создавањето на независна и самостојна македонска држава.

Свеченоста беше збогатена и со пригодна културно-уметничка програма, подготвена и изведена од учениците од село Митрашинци, кои со својот настап дадоа посебен придонес кон одбележувањето на овој значаен историски настан.