Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Сите криминални скандали ги ставија под тепих уставните измени- што чека Kовачевски?

Рокот кој власта си го даде за обезбедување двотретинско мнозинство одамна помина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рокот кој власта си го даде за обезбедување двотретинско мнозинство одамна помина, сега го споменуваат октомври како месец каде јасно ќе се знаело кој е за ЕУ, а кој за блокада. Иако до октомври има само уште 20 дена се чини дека темата за уставните измени се помалку се споменува. Што се прави во овој период додека јавноста се заминава со навистина сериозните проблеми во онкологија, како и измените во кривичниот законик не се знае.

Дел од аналитилчарите и познавачите велат дека секој ден има нов скандал, се чинело дури и како намерно да се прават скандалите, за на криминалот и корупцијата да не може јавноста да им фати ред, оти како што велат експеритите, народот веќе не може да го памти огормниот криминал направен на Македонија.

Новинарот Дарко Јаневски за Алфа вели дека уставни измени нема да има. А власта и те како е свесна за тоа.

Реклама

Уставни измени нема да има и претседателот на собранието немада ја закаже таа седница затоа што немаат двотретинско мнозинство, ниту ќе го имаат, иако тој беше должен тоа да го направи после 10 работни дена, тој како по обичај си има сопствено толкување на деловникот на собранието и тоа ќе го одолговлекува до крај. Седница нема да има, вели Јаневски.

Ловот на пратеници веќе некој период е почнат, но опозицијата е цврста на ставот Уставот под бугарски диктат не сме го менувале. Скандалозните случаи кои и те како заслужуваат внимание во јавноста, се чини како да ја туркаат темата уставни измени во втор план. Јаневски вели кривичниот законик, власта си го прилагоди по сопствени потреби, а одлговлекувањето на случајот онкологија уште толку , со право, ја занимава јавноста.

Власта си го прилагоди кривичниот законик според своите потреби, идејата таму е да се намалат казните со цел многу дела да бидат застарени при евентуален случај на нивно гонење.  Во меѓувреме вниманието на јавноста се одвлекува и со случаи како онкологија кој досега требаше експресно да биде доведен во фаза на поднесување обвинителен акт, а гледате дека сеуште станува збор за предистрага. Воопшто не е ни сигурно што и како обвинителство ќе стори, Јаневски.

Инаку во Собранието се изгласа потребата за менување на уставот, со 70 пратеници ЗА, но за менување на истиот се потребни 80, што власта ги нема.

Мери Симоновска