Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Разговори може, но уставни измени какви што бара Бугарија нема да има.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разговори може, но уставни измени какви што бара Бугарија нема да има. Тоа е булинг кој нема да го прифатиме. За Македонија протоколите не се дел од преговарачката рамка, но за жал поради егзибициите и капитулациите на Ковачевски и Османи, за Бугарите тие се услов на нашиот европски пат. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека претходната власт на СДСМ и ДУИ, потпишала се што побарала Софија, но и ветувале се и сешто, па сега источниот сосед тоа целосно го користи да ја уценува и блокира државава.

-Од претходната Влада им било ветувано се и сешто, но ние како Влада не цениме дека Протоколите се дел и не треба да бидат дел од преговарачката рамка. Така што, ние тој став го имаме од првиот момент до денеска. Но, за жал ставот кој што другата страна е сосем поинаков, а тој став е таков поради егзибициите и капитулацијата на претходната Влада на СДСМ и ДУИ и преговарачкиот тим воден од губитникот од Чаир, изјави Мицкоски.

Поради самоволието на опозицијата во моментов во Собранието се блокирани неколку закони, меѓу кои изборниот законик и оној за правична застапеност. Запрашан дали размислува за предвремени избори, како опција за да ги надмине овие брокади, Мицкоски порача дека главниот фокус на Владата остануваат исполнување на проекти.

Реклама

-Фокусиран сум на проекти кои ќе додадат квалитет на животот на граѓаните, а политичките калкулации, политичкото мочуриште на одредени опозициски партии го оставам на нив, јас немам тука што да коментирам. Мене ми е важно државата да оди напред и да се развива, да зборуваме за проекти, да зборуваме за убави работи, а тие нека тонат во своето политичко мочуриште, јас се додека сум претседател на Владата ќе зборувам само за проекти, изјави Мицкоски.

Мицкоски не знае колку долго би траеле разговорите со официјална Софија, но вели ќе продолжат колку е потребно за да најде решение кое ќе биде одржливо и кое ќе ја однесе државата кон конечната цел. Премиерот потенцираше дека во меѓувреме Влдата продолжува да ја спроведува реформската агенда, со цел градење подобро општество и подобри услови за живот на граѓаните.

Матеја Петровски