Реклама

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Македонија

Јаневска: Го промовираме порталот е-наука како точка на поврзување на истражувачите, бизнисите и меѓународните научни мрежи

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, Scopus и Google Scholar, со што овозможува прикажување на индикатори, резултати, цитираност и h – индекс. 

– Ги охрабрувам сите истражувачи од државните и приватните универзитети и високообразовни установи, од јавните и од приватните научни установи, научни институти и од МАНУ, како и самостојните истражувачи што работат во Македонија, но и истражувачите со македонско потекло кои работат на странски универзитети, да пополнат апликација и да влезат во електронскиот регистар е-наука. Тој е транспарентна и сеопфатна алатка за откривање на нивната работа на домашна и меѓународна научна сцена, рече Јаневска.

Досега се регистрирале 229 истражувачи. За секој од нив е прикажано формалното образование, вработувањето, научното звање, установата или факултетот кадешто работи, научното поле каде истражува, односно научно истражувачка идентификација, како и индикатори и резултати од застапеност во трите глобални научни бази – Scopus, Web of Science и Google Schoolar.  

Реклама

Преку е-наука, истражувачите добиваат можност за поедноставно поврзување со индустријата.

– Преку напредни пребарувања, бизнисите сега можат да идентификуваат кој научник или истражувач се занимава со областа што им е од интерес, а тоа поттикнува нови партнерства, го претвора знаењето во економска вредност и ги забрзува иновациите, појасни министерката Јаневска, додавајќи дека и јавниот сектор, сите институции, агенции и фондови добиваат транспарентен преглед на нашиот национален истражувачки капацитет, можност за контакти и за носење одлуки засновани на научни докази. 

Порталот е-наука е достапен и за меѓународните универзитети, глобалните истражувачки конзорциуми и мултинационалните центри за истражување и развој, што создава шанси за повеќе заеднички апликации за грантови, коавторства на трудови со големо влијание и зајакнување на позицијата на нашите научници во глобални рамки.

Е-наука е заложба вградена во програмата за работа на Владата, насочена кон побрз и одржлив развој на државата. 

Од година во година расте буџетот за научно-истражувачка дејност. Министерката Јаневска рече дека во 2024 биле затекнати 380 милиони денари, а веќе следната 2025 година, за наука биле одвоени 680 милиони денари. Годинешниот буџет за наука има рекорди 773 милиони денари. Во тек е реализација се научно-истражувачки проекти од национален интерес вредни над 370 милиони денари, а за кадарот на факултетите и научните установи е обезбеден бесплатен пристап од базите Web of Science и Scopus.