Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Апартмани, соби и вили што се изнајмуваат преку интернет-платформи, под лупа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апартмани, соби и вили што се изнајмуваат преку интернет-платформи, под лупа на институциите. Охрид бара фер конкуренција во туризмот, а УЈП најавува засилена соработка со локалната самоуправа и туристичкиот сектор за да се пријавува секој остварен доход и да се плаќа данокот. Од Општина Охрид велат дека целта е да се стави ред и во онлајн изнајмувањето, каде што, како што посочуваат, мора да важат исти правила за сите.

“Она што е најважно е да се обезбеди фер туризам, лојална конкуренција, да ги отстраниме сите нелегални станоиздавачи, да се регулира плаќањето на доходот на сите оние кои закупуваат простор, дали се тоа станови, апартмани,вили соби, вклучувајќи ги и оние кои издаваат преку интернет операторите  простор во нашиот град.Особено е значајно да постои координирана и континуирана соработка помеѓу институциите” –вели Ана Крстеска, заменик градоналачник на Охрид.

Обврските не се однесуваат само на оние кои континуирано изнајмуваат сместување туку и за граѓаните кои капацитетиte  ги издаваат повремено, дури и само неколку дена во месецот. Без  разлика дали гостите се домашни или странски, дали плаќаат во готово, преку сметка, или пак резервацијата е направена преку Airbnb, Booking и други интернет-платформи и социјални мрежи.

Реклама

“И исто така тука спаѓаат и сезонските работници и малите продавачи кои вршат дејност од времен карaктер.Ситезаеднода придонесеме, да создадеме фер, еднакви услови за сите, да ја поттикнеме фер конкуренцијата и да ја сузбиеме сивата економија.Нашата Mакедонија има голем потенцијал и треба да придонесеме, да вложуваме за развој на туризмот и заедно да учествуваме, да ја движиме локалната економија напред”- вели Весна Николоска Ристовска,УЈП.

Данок треба да платат и сите што изнајмуваат опрема за рекреација :кајчиња, педалинки, СУП даски, кануа и кајаци, но и продажбата на ракотворби, сувенири, накит и уметнички предмети. Во Охрид официјално се регистрирани околу 3.000 станоиздавачи. Но, колкав е бројот на оние кои издаваат, а не се регистрирани – засега нема точна бројка. Од УЈП велат дека податоците ќе бидат анализирани по завршувањето на туристичката сезона. За непочитување на даночните обврски се предвидени и парични казни, кои во зависност од прекршокот може да се движат од 50 до 250 евра.