Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Со донација целосно реновирани неколку училници и други простории во ООУ „Пенестија” во Дебар

Со поддршка од компании кои работат во Дебар, во изминатиот период се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поддршка од компании кои работат во Дебар, во изминатиот период се реализирани повеќе проекти во различни области, со посебен фокус на подобрување на условите во образованието.

Најнов пример е ООУ „Пенестија“, најголемото основно училиште во општината, каде со поддршка од компанијата „Кнауф-Радика“ е извршена целосна реконструкција на неколку училници и други простории. 
 
-Благодарение на посветеноста на Управниот одбор на компанијата „Кнауф-Радика“, реновирани се четири училници и просториите за училишната стражарска служба, со што се создаваат подобри, побезбедни и посоодветни услови за учениците и училишниот персонал. Ваквите придонеси се доказ за општествена одговорност и посветеност кон иднината на нашите деца- информираше  директорот на училиштето, Генц Садику.

Според него во училиштето во Дебар и подрачното во село Џепиште настава следат над 900 ученици на македонски и албански јазик. 
 
Потврдува дека по преземените сите потребни активности, во оваа образовна институција се е подготвено за почеток на новата 2026/2027 учебна година.