Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

Лефков: Непокренувањето на обвинение не е доказ дека Филипче е невин за случајот со модуларните болници

Венко Филипче како прв човек на СДСМ, а поставен на тоа место…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче како прв човек на СДСМ, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи, истакна на прес-конференција денеска Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.

Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите.

Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин.

Реклама

Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници.

Поточно, ова било видливо од фактот што  ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност.

Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници.

Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово.

Затоа талогот од СДСМ, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравјето на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти.