Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Пренџов: СДСM и Левица го блокираат Изборниот законик на штета на реформскиот процес

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашното гостување на една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашното гостување на една од телевизиите, се осврна на измените на Изборниот законик, како и големиот број на амандмани за истиот, поднесени од страна на опозициските партии СДСM и Левица и истакна дека најнапред тие треба да се архивираат, преведат, па дури потоа да се дебатира за секој еден од нив, поединечно, нагласувајќи дека истите во секое време можат да бидат повлечени од страна на подносителите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Секој еден амандман којшто е поднесен и од СДСM и од Левица може во кој било момент да биде и повлечен, така што јас се надевам дека со ваквите дебати ќе имаме можност да ги соочиме аргументите пред граѓаните и потоа да видиме доколку некој ја увиди својата грешка можеби ќе ги повлече амандманите“, кажа Пренџов.

„Кога се работи за реформите, за иднината на Република Македонија, за реформскиот процес и средствата коишто ги добиваме од Брисел, а ги ползуваат сите граѓани, треба да бидеме многу поодговорни“, рече Пренџов и ѝ се обрати на Лукаревска во однос на две работи, од кои првата се однесува на промените на Изборниот законик и потребата од дискусија, која впрочем се случи на средината на месец јануари, каде што СДСM не присуствуваше, и второ гласањето на дијаспората, за кое како што рече Пренџов согласно неговите увидувања, опозицијата нема ништо против тоа дијаспората да гласа.

Реклама

Пренџов истакна дека електронското гласање за дијаспората е безбедно, поевтино и поефикасно решение, додавајќи дека современата технологија овозможува сигурно спроведување на изборниот процес и намалување на трошоците.

„Денес преку лаптоп, преку телефон можете да направите да платите фактура, стан да купите, а не да не гласате некаде. Тоа ќе биде безбедно, ќе биде заштитено и е фер кон нашата дијаспора. И трето, главните критики коишто држат вода, во Токио се пријавиле осум гласачи коишто сакаат да гласаат. Ние тука испраќаме цела Комисија, авиони и тоа кошта многу илјади евра, вака не кошта ништо. Не може која било банка којашто има заштита на телефон, плаќаме сметки, да има посилна заштита од држава којашто може да ја направи“, рече Пренџов. 

Пренџов се осврна и на барањето на Левица за бришење на членот 76ѓ од Изборниот законик: „Барањето на Левица за бришење на членот 76ѓ е прифатливо за сите страни како и бришењето на одредбата која се повикува на казнената одредба“, цитираше Пренџов и додаде: „Заклучок-има согласност за оваа точка“.

Пренџов се надоврза и кажа: „Ние се одрекуваме и дел од средствата коишто ги имаме за реклами, прифаќаме дека секој треба да се рекламира, се одрекуваме од многу работи само рековме дајте, еве ние сакавме да гласаат дијаспората, и вие земавте ни го блокиравте законот, не нас, на државата, го блокирате законот и СДСM и Левица“.