Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Предлог декларација по повод 120 годишнината од Илинденското Востание денес на собраниска седница

Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, е на дневниот ред на денешната 125. седница на Собранието на Република Македонија.

  Пратениците ќе дискутираат и по Предлогот за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност и Предлогот за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, се На агендата се и Предлог законите за ратификација на изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) со Одлуката од Комитетот за јавни набавки на Светската трговска oрганизација за пристапување на Република Македонија кон изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) и на Шестиот дополнителен Протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа.

   Како што е најавено, пратениците треба да расправаат и по предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите и на Законот за Развојната банка на Македонија, по скратена постапка.

Реклама

   Ќе се дискутира меѓу другото и по Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост, Предлог на закон за регистар на задолжително социјално осигурување и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, сите по скратена постапка.

  На денешната собраниска седница се и Предлог на закон за дивечот и ловството и Предлог на закон за образование на возрасните, двата во прво читање.

  Пратениците треба да распораваат и по барањето за давање на автентично толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев –  На агендата се и Прeдлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка.