Реклама

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Македонија

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кочани и Градот Дарувар

На иницијатива на Македонската заедница во Хрватска и д-р Бојан Игнатовски, градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На иницијатива на Македонската заедница во Хрватска и д-р Бојан Игнатовски, градоначалникот на Градот Дарувар, Дамир Лненичек и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов денеска потпишаа меморандум за соработка меѓу двете локални самоуправи.

Како што информира Општината, со овој меморандум се воспоставува основа за поинтензивна соработка во сите области од заеднички интерес во надлежност на локалните самоуправи, преку размена на искуства, развивање партнерски односи и реализација на заеднички активности и проекти.

На средбата било истакнато дека поврзувањето на локалните заедници и унапредувањето на пријателските односи претставуваат значајна основа за создавање нови можности за соработка што ќе придонесат за развојот и напредокот на двете средини.

Реклама

Потпишувањето на меморандумот, според Општина Кочани, претставува значаен чекор кон натамошно продлабочување на меѓусебните односи и отвора можности за конкретни заеднички иницијативи во наредниот период.