Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Попладнево изби и трет пожар во Општина Штип помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“

Попладнево изби и трет пожар во Општина Штип помеѓу објектите на Штипска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Попладнево изби и трет пожар во Општина Штип помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“. Гори сува трева помеѓу објектите, а во моментов на терен се пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од доброволното противпожарно друштво Штип, полицски службеници и месното население од штипската населба Каленица. 

Пред половина час евакуирани си и текстилните работнички од текстилната конфекција „Албатрос“. 

Локализиран е пожарот на тврдината Исар, кој попладнево зафати поголема површина и постоеше опасност огнот да се приближи и до куќите во населбата Исар. Во гаснењето и на овој пожар учествуваа пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од ДПД Штип и локално население. Според очевидци пожарот на тврдината Исар настанал од искрење на жица од електричен столб. 

Реклама

Во штипското село Чардаклија попладнево изгоре и фотоволтаична централа. Покрај стариот регионален пат од пожарот, кој се ширел од фотоволтаичната централа, се уште се забележува тлеење. 

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, информираше дека материјалнат штета во овој пожар е голема.