Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Ниту Ковачевски, ниту Пендаровски, не се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев, испратија втори или трети ешалони

Додека македонскиот народ ја ја памети жртвата на предците кои ја платиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека македонскиот народ ја ја памети жртвата на предците кои ја платиле најскапата цена и го дале својот живот за Македонија, се чини дека на Илинденска е само продолжен викенд. Пред спомникот на Гоце Делчев не дојдоа да се поклонат ниту Ковачевски, ниту Пендаровски. На нивно место дојде поранешниот министер Алаѓозовски, партискиот портпарол Каевски, како и советник од кабинетот на претседателот.

За јубилејните 130 години од почетокот на македонската револуционерна борба, за власта олигледно, доволно беше само честитка преку маил до медиумите и попратно на пресконференција од портпаролот.

  • „...Лажниот патриотизам носи изолација на земјата, неизвесност, економска стагнација, празни џебови и празни фрижидери за граѓаните. Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет.“ – Стои во честитката на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

И додека претставниците на власта не застанаа пред камерите за време на положувањето цвеќе, претставниците на ВМРО ДПМНЕ им го честитаа празникот на македонските граѓани од пред споменикот на великанот.

Реклама
  • „Јас ќе го честитам овој голем македонски празник и на сите граѓани во Република Македонија би им порача да не се грижат. Додека постои ВМРО-ДПМНЕ како партија која што ја продолжува идејата и борбата за независна и слободна Македонија, се дотогаш Македонците ќе си бидат на свое и како македонци ќе постоиме и ќе опстоиме. Честит празник на сите.“ – Порача пратеничката Стојановска.

Според Стојановска, револуцинерната борба на македонскиот народ трае и денес, кога се уште се бориме да се зачува македонскиот национален идентитет што соседите отворено го спорат.

Инаку, власта со повеќе примери досега, воспостави пракса официјалните лица да избегнуваат да го споменуваат името на државата за големите национални празници. Се избегнуваат имињата на револуционерите, а слоганите се чинат недоречени. Истото се случи и за 11ти октомври, за 8ми септември како и последниве 7 години наназад.

Никола Цветкоски