Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Наумовски лауреат на фестивалот ,,Преку езерото” за високи уметнички достигнувања

Македонскиот актер со меѓународна кариера, Тони Наумовски е лауреат на петтото јубилејно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот актер со меѓународна кариера, Тони Наумовски е лауреат на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм ,,Преку езерото” кој годинава прв пат ќе се одржи во три градови Дојран, Струмица и Гевгелија. Наумовски ја добива единствената награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година.  Директорот на фестивалот Јани Бојаџи, вели наградата заслужено оди во рацете на Наумовски, оти тој е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината уметници од Балканот кои во Њујорк имаат своја кариера во театар, на филм и на телевизија.

 20 години живее и работи во Њујорк, има играно како актер во преку 20 телевизиски проекти, во преку 20 филмови во Америка и во светот, во неколку македонски филмови, изјави Јани Бојаџи, директор на филмскиот фестивал ,,Преку езерото”

Македонската јавност актерската магија на Наумовски последно ја виде на филмското платно во македонскиот филм „Лена и Владимир“, каде што толкува една од главните улоги.

Реклама

Во последната година за насловната улога на ликот на Владимир во филмот ,,Лена и Владимир, Тони Наумовски е добитник на 14 престижни нагаради за високи актерски достигнувања на преку 80 фестивали во Америка и во светот, така да се радуваме бескрајно што оваа година навистина имаме актер кој наградата ,,Мето Јовановскија има онака заслужено од срце и од душа. -изјави Бојаџи.

Aктерот Тони Наумовски има одиграно повеќе од осумдесет улоги, во исто толку продукции на филм и телевизија, на повеќе од десетина јазици меѓу кои и неколку продукции во Македонија. Фестивалот на балкански и медитерански филм оваа година по петти пат ќе обедини автори, режисери, актери и љубители на уметноста на едно место. Од 8ми до 15ти јули, за прв пат со регионален карактер, „Преку езерото 2026“ ќе се одржи во Дојран, Струмица и Гевгелија. Организаторите најавија богата програма со долгометражни и краткометражни филмови, а како што велат, целта е да биде што е можно повеќе достапен за младите уметници.