Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес има за трите јавни повици од мерката за Претприемништво –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем интерес има за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а минатата недела се пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија и труд. 

Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денеска се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираат деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со неа ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година. 

Реклама

Мерката „Самовработување – Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант  до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

-Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства, велат од министерството за економија и труд. 

Сите невработени лица кои се заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk. Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.