Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Политичките партии од опозицијата излегоа со радикализирани позиции, вели премиерот Христијан Мицкоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичките партии од опозицијата излегоа со радикализирани позиции, вели премиерот Христијан Мицкоски, анализирајќи ги вчерашните преговори во Собранието, на кои координаторите на пратеничките групи дискутираа за промените во изборниот законик и затоа тој не е е оптимист дека ќе биде постигнат договор.

Премиерот посочи дека предлогот на опозицијата во ДИК одлуките да се носат со консензус е непифатлив за власта, додавајќи дека се плаши дека ова радикално барање е ставено на маса за да на крајот не биде постигнат договор. Инаку тој е волјен на барањата на СДСМ и на Левица коишто се однесуваат на финансирање и една изборна единица да одговори позитивно, секако доколку од нивна страна биде прифатен предлогот за гласање на дијаспората во поголем обем.

Нашиот став е јасен. Сакаат повеќе пари? Добро, еве нека има помалку за нас и со тоа сме сложни. Сложни сме и да имаме една изборна единица. Сложни сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и на коалициските партнери, немаме никаков проблем. Нормално никој не одлучува со консензус туку со мнозинство, затоа е демократија“, изјави Мицкоски.

Реклама

Мицкоски се плаши дека ова ќе ја забави реформската агенда на владата и наместо 10 од 10, тие на ЕУ ќе ѝ испорачат 9 од 10 реформски закони. Ваквиот епилог е во период кога сигналите од Брисел се дека Македонија солидно ги спроведува реформите.

Тој најави дека ќе следуваат нови преговори во Собранието, но лично не верува дека е можно да се дојде до компромис.

„Ќе продолжат преговорите од понеделник но по вчерашниот состанок сум многу помалку оптимист“, посочи премиерот.

Од СДСМ истакнаа дека партијата е за нов Изборен законик, но не таков што ќе овозможи, како што наведуваат, кражба на изборите по мерка на Мицкоски. Оттаму велат дека сакаат дијаспората да гласа, како што гласаше и досега – само не Мицкоски да гласа од белата палата наместо дијаспората, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.