Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Дизелот поевтинува за половина денар, а бензините поскапуваат за половина денар од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизелот поевтинува за половина денар, а бензините поскапуваат за половина денар од утре. Регулаторната комисија за енергетика објави дека дизелот ќе се продава з а80 денари по литар. Новата цена на 98-цата ќе изнесува 86,5 денари, а на 95-ката 84,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство не се менува, односно е 79,5 денари за литар. Мазутот минимално поевтинува за 0,796 денари и новата цена ќе биде 41,495 денари за килограм. Премиерот Мицкоски задоволен што во Македонија и натаму се точат најефтини горива, дури и во услови на продолжување на воените дејствија на Блискиот Исток. Тој вели дека по крајот на кризата и стабилизација на цените, ќе се менуваат акцизите, односно акцизата на дизелот ќе оди нагоре, а акцизите на бензините надолу.

„Мислам дека акцизите треба за едните и за другите горива да се нивелираат, со тоа што едните ќе се намалат, а другите ќе се зголемат. Такво е искуството и примерот во сите соседни земји, никаде немаме толку драматично поевтин дизел отколку што е безоловниот бензин. Секаде во принцип дизелот е поскап и тоа многу поскап од безоловниот бензин. Нека легнат работите, нека конечно дојде очекуваниот мир и да почнеме да размислуваме во таа насока“ – вели премиерот Мицкоски.

Мицкоски е оптимист дека цените на основните прехранбени производи ќе се стабилизираат и нивната инфлација ќе се сведе на 3%. Тој тоа претходно го договори со трговците и вели ќе направи се за тоа да се случи. Напомена дека лично на надгледува анализата на 600 производи и движењето на нивните цени последните месеци.

Реклама

„Дека треба да работиме, ќе работиме и јас лично работам на методологија на идентификување на тие 600-700 производи кои што статистички се мерат и дирекно на нив ќе одиме, ако треба фактура по фактура. Еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како можеме да покачиме, така што ова е една темелна операција која што, лично ја водам и очекувам многу скоро да има резултати кои што ќе бидат видливи на терен“ – рече Мицкоски.

Доказ за успешните економски политики и борбата со растот на цените, премиерот гледа во потврдата на европската статистичка агенција Еуростат дека основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа, со 49,7% од европскиот просек. И покрај тоа што признава дека тоа не е доволно, вели дека е добар демант на оние кои тврдат дека борбата со инфлацијата не е во фокусот на Владата.