Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската, истакна на прес-конференција членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство.

За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста.

Реклама

Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси.

Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања.