Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Ковачев не бил ризичен ама друштвото му било ризично, по три дена молк реакција од МНР

Искористувајќи што е европратеник Андреј Ковачев сакал во Македонија да внесе ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искористувајќи што е европратеник Андреј Ковачев сакал во Македонија да внесе , негатори на македонскиот народ и нација на кои од преходно им е забранет влез во Македонија. Вака може да се протолкува одговорот на македонското минстерство за надворешни работи откако Ковачев гостувајќи на повеќе бугарски медиуми побара Македонија да му одогвори зошто му ја спуштија рампата на граничниот премин Ново Село. Ковачев бил со уште четворица другари добро познати за македонската јавност.

  • „Би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал“, стои во соопштението на македонското МНР.

Во автомобилот запрен на граница бил и Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Македонија кој се закани дека во сите градови и поголеми села во Македонија ќе отовори бугарски здруженија. Ковачев гласот го крена дури до највисоките европски институции, па еврокомесарот Вархеј го осуди настанот.

  • Македонија ја прекорачи црвената линија со тоа што не дозволи член на Европскиот парламент да не може да влезе во земјата што е кандидат за влез во Унијата и член на НАТО. Тоа донесе бурни и сериозни реакции од Комисијата, од Парламентот, Комисијата за проширување, како и претседателот на ЕП.И се разбира од бугарското претседателство, политичките субјекти.. “ вели бугарскиот европратеник за првиот бугарски канал.

Бугарското МНР уште во саботата изрази разочараност од одлуката на македонските власти да го засенат според нив одбележувањето на Ѓурѓовден, кое се организирало традиционално со години во струмичко Ново Село.

Реклама

Но, наспроти сега кога највисокиот врв на ЕУ, се вклучи во билатералните прашања, молк беше одговорот кога бугарски граѓани на чело на Џамбаски, но и пратеникот во бугарскиот парламент Костадинов, среде Скопје, Македонија ја прогласуваа за бугарска држава. Немаше реакции ниту кога се вееше знамето на Мара Бунева, а Македонија и Бугарија се прогласија за едно и се тврдеше дека нема македонски народ.

Викторија Миткова