Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Ковачевски губи поддршка и кај своите пратеници за уставните измени

Се ситни поддршката на Ковачевски за уставните измени. Еден пратеник од СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се ситни поддршката на Ковачевски за уставните измени. Еден пратеник од СДСМ од првата изборна еденица, како и еден пратеник од помалите партии во владината коалиција, најверојатно нема да гласаат за вметнување на бугарите во преамбулата на македонскиот Устав, брифираат извори за Алфа. Токму овие пратеници веќе неколку пати и пркоселе на политиките на власта, i и за францускиот предлог, како и за дел од законите за Бехтел и Енка.

Без овие пратеници од своето мнозинство, Ковачевски се потешко ќе може да го оствари верувањето кое го даде на Софија, но и на Европската Унија дека ќе може до крајот на годината да го обезбеди потребно двотретинско мнозинство за промена на уставот.

Во прилог на информациите дека пратениците му откажуваат послушност на Ковачевски беше и шпекулацијата дека пред нешто помалку од еден месец имало голема кавга во СДСМ, и тоа токму на тема уставни измени, што резултирала со оставка на премиерот што била скината од спикерот Џафери. Ковачевски демантираше дека потпишал таков документ.

Реклама

Знаејќи го фактот дека ВМРО-ДПМНЕ децидно го кажа својот став дека уставни промени во овој парламентарен состав нема да има, а и неприфаќањето на отворање на Уставот и вметнување на бугарите во него беше и иницијалната каписла партијата на Трајанов да ја напушти владејачката коалиција, Ковачевски по се изгледа останува само со нешто повеќе од просто мнозинство во Собранието.

До тоа доведува и фактот дека токму дел од албанските партии не му даваат целосна поддршка на Ковачевски за уставни измени без нешто да добијат за возврат. Движењето на Касами Беса, беа јасни дека тие ќе гласаат за вметнувањето на бугарите во Уставот, но само ако Ковачевски се согласи да ја избрише формилацијата 20% од највисокиот правен акт. Ако се земе предвид и потпишувањто на соработка на Касами и Гаши, се остава простор за и Алтернатива да се приклучи со условување кон СДСМ.

И Алијанса за албанците бараат бришење на формулацијата 20%, дали и тие ќе условуваат останува отворено прашање.

Со ваквите здружувања и калкулирања на политичките партии она што го вети Ковачевски без консулатација со опозицијата и експертската јавност, како сулов за почеток на преговори се чини недостижно, токму во таа линија се и обвинувањата на дел од аналаитичарите дека закочениот процес на Македонија за членство кон е ЕУ е вина на Ковачевски, оти ветил нешто што тешко да ќе може да го исполни.