Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Не сакаат да станат оружје во рацете на Венко Филиче, зошто така…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не сакаат да станат оружје во рацете на Венко Филиче, зошто така постои опасност од блокирање на иницијативата за неопходни реформи во СДСМ.

Дел од учесниците во „Разговорите за иднината“, поранешни и сегашни партиски функционери, за Алфа  велат дека се мобилизираат за промени во СДСМ. Но засега ќе се возджат од јавни настапи, со цел да не биде компромитиран целиот процес од страна Венко Филипче и блиските околу него.

-На Македонија и е потребен нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени. Прогресивната демократска јавност има потреба од суштинска, објективна дебата, која за да ја погоди целта мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските авторитети, се вели во соопштението од „Разговори за иднината“.

Реклама

А дека со право избегнуваат да зборуваат во јавноста е и повеќе од јасно, бидејќи СДСМ веќе ги жигосаа дека работеле за ВМРО-ДПМНЕ. Според Филипче нивните намери не биле искрени, туку со друга цел. Вели дека единствен фронт кој постои е само неговиот Фронт за вистина и правда, се друго било фејк. И денеска неговите најблиски соработници го повторија истото.

-СДСМ пред неколку месеци, јавно кажа дека се формира некаква платформа, која што услови кога ЗНАМ е во слободен пад, кога гласовите на ВМРО се губат, Христијан Мицкоски формира некаква нова платформа, се со цел да ја ослабне опозицијата, изјави потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска.

А од СДСМ не ја испуштија можноста и повторно да ја нападнат Алфа. Филипче коментирајќи ја политичката иницијатива „Разговори за иднината“ рече дека можеле да ја вклучат и телевизијата, зошто нашиот медиум имал доволно различно мислење со  кое го труел народот со лаги и измислени непријатели на Македонија, на идентитетот, јазикот и на културата. Директно ја прашавме портпаролката Богданка Кузеска зошто во секоја манџа повторно ја ставаат Алфа. Наместо одговор, молк.

За потсетување освен во војна со Алфа, актуелното раководство на СДСМ претходниот период, влезе во отворен конфликт  со повеќемина свои членови кои јавно го критикуваат Филипче. Последно кавга имаше со актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски кој даде поддршка за рудникот за антимон Крстов дол. Иницирано исклучување има и за повеќе членови како Петре Шилегов, Јован Деспотовски и Родослав Трошановски – советникот од Општина Карпош.

Матеја Петровски