Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Договорот со „Бехтел и Енка“ стигна до антикорупциска, ама не се знае дали е целосен или кратен

Коридорите конечно стигнаа до антикорупциска. Но, дали до Државната комисија за спречување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коридорите конечно стигнаа до антикорупциска. Но, дали до Државната комисија за спречување на корупција е доставен целосниот договор како што го потпишале Груби и Бочварски, или од него се извадени делови како што споменуваше вицепремиерот наводно на барање на компанијата,  не е познато. Антикорупционерите во моментов го разгледуваат и не знаат дали го имаат целосниот или сечен и лепен договорот. Доколку се појавел некој сомнеж велат ќе реагираат.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го доби Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот. Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Дури четворица советници ќе ги анализираат 400 те страни, на кои Владата стави параф , а никој не знае што пишува. Според Ивановска не може да се кажат рокови кога ќе се произнесат затоа што предметот им „тежи најмногу “ во антикорупциска.

Реклама

Го формиравме тимот. Точно. Тимот е составен од четворица советници. Секој е специјалист во својата област. На пример, некој во јавни набавки повеќе, некој во делот за вработувањата. Имаме еден одличен истражувач, тој секако е вклучен. Советникот каде што по редовен пат, нели, по електронскиот систем се паднал предметот, членот на Комисијата Катица Николовска, јас се вклучив во предметот, така што со заеднички сили ќе истераме напре.

За Договорот со турско- американскиот кознорциум предмет отвори и Јавното обвинителство по допрен глас, поради објавите за избраната тројка која ќе го врши надзорот .

Договорот веќе не чинеше 117 милиони евра народни пари, а од изградбата освен две помпензи прослави, две табли , неколку багери во место и две маички , не видовме никаква градежна активност.

Кристина Алексиеска