Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Гувернерот на Банката на Англија: Довербата во вредноста на парите е темелот врз кој почива улогата на централните банки

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност, оценува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервју дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of Central Banking: Global Perspectives, Regional Cooperation and Future Challenges).

Осврнувајќи се на улогата на централните банки во секојдневниот живот на граѓаните и компаниите, Бејли нагласува дека одлуките за монетарната политика директно влијаат врз каматните стапки за кредитите и штедењето, а преку тоа и врз инвестициските одлуки, економскиот раст и вработеноста. Тој посочува дека финансиската стабилност е подеднакво важна, бидејќи без стабилен финансиски систем не може да се обезбеди одржлив економски раст и достапно финансирање за домаќинствата и компаниите.

Бејли посочува дека централните банки извлекле важни поуки од последните кризи и денес располагаат со поотпорни финансиски системи и поразвиени аналитички алатки. Сепак, тој нагласува дека подготвеноста за уште понестабилен свет зависи од континуираното подобрување на анализите, тестирањето на различни сценарија и, пред сè, од зачувувањето на довербата во институциите. „Нашата способност да ја извршуваме нашата работа зависи од цврстото потпирање врз доверба во вредноста на парите и во институциите задолжени за нејзиното зачувување“, нагласува Бејли.

Реклама

По повод 80-годишнината на Народната банка, Бејли упатува честитки за јубилејот и истакнува дека ваквите годишнини потсетуваат дека централното банкарство се темели на јавната доверба, која се гради со децении и најсилно се тестира во периоди на кризи и неизвесност.

„Во суштина, улогата на една централна банка е да ја зачува вредноста на парите. На луѓето им е потребно уверување дека парите ќе ја задржат својата вредност и дека можат да ги користат безбедно и ефикасно во секојдневните трансакции“, истакнува Бејли.

Интервјуто со Ендрју Бејли е дел од публикацијата подготвена во рамки на одбележувањето на јубилејот – 80 години централно банкарство во земјава. Публикацијата е дел од комуникациски проект што опфаќа серијал тематски интервјуа со актуелни и поранешни гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународни финансиски институции и претставници на меѓународни централнобанкарски организации.