Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Во Прилеп се одржа Црковно-научна трибина „1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители Св. Кирил и Методиј“

  „Солунските браќа и сесословенски просветители Кирил и Методиј до 11 век…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  „Солунските браќа и сесословенски просветители Кирил и Методиј до 11 век секаде биле славјански просветители. Меѓутоа, после кога се прават преписите на житијата, се поистевуваат термините Словен-Бугар, но тоа е само посистоветувањето, оти Бугарин значи прост човек. Моравската мисија на браќата има јасна словенска димензија. Наративот се менува во периодот од 11 до 13 век каде што доаѓа до административна замена на теримите Словени со Бугари“, смета историчарот д-р Зоран Богески.

  „Историските настани , процеси и појави имаат контекст на времето во кое што се случувале и се развиале. Тие не можат да бидат толкувани произволно и за политичка цел. Затоа соседна Бугарија има политички сопствен пропаганден интерес да го оправда нејзиниот национален наратив преку узурпација на Византиска Македонија и Османлиска Македонија. Имено, таа прави замена на термините кои што се употребувале во тој контекст од тоа време за да го докаже наводниот бугарски карактер на Македонија“, вели Зоран Богески, доктор по историски науки.                                        

    На Црковно-научната трибина „1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители светите Кирил и Методиј, свое учество зедоа и свештеници од МПЦ кои говореа за нивните житија, осврнувајќи се на нивната огромна улога во описменувањето на словенските народи, со застанувањето на патот на т.н. „тријазична ерес“, односно дотогошнато признавање само на еврејскиот, грчкиот и латинскиот јазик.

Реклама

   „Ликот и делото на основачите на првата словенска азбука- глаголицата, е нераскинлив дел од словенските народи, вклучително и на македонскиот, како во поглед на македонската историја и култура, така и во поглед на нашиот македонски јазик и идентитет. Светите браќа ни ги оставаат во аманет овие вредности кои мораме да ги чуваме, како најголемо богатство за нас Македонците“, – рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој исто така го поздрави Научниот собир, организиран во чест на 24 мај – Денот на сесловенските просветители.

  Црковно-научната трибина ја организираа ЈНУ Иинститут за старословенска култура од Прилеп, Црквата „Св. Кирил и Методиј – Параклис“ и општина Прилеп.

Каролина Дурло