Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура

Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион. Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прво се изградија и се пуштија во употреба експресните патишта Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка, кои се многу значајни сообраќајни патни артерии за овие населени места.

Со многу засилено темпо се изведуваат градежните работи на веќе започнатите автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола и на терен е видлив многу голем напредок.

Реклама

Се решија наследени проблеми на автопатот Кичево-Охрид, како што се и свлечиштата на косините со таканаречените галерии, и интензивно се работи за што поскоро негово целосно завшување.

Се потпиша договор за финансирање, избрани се консултантот и изведувачот и следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Црна Гора и Албанија.

И во ваквиот градежен бум невиден во поновата историја на Македонија не се заборавени ниту истокот, ниту југоисточниот дел од државата. Започнаа подготовките и за експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш, проекти кои долги години се најавуваа а ниедна власт до сега не ги изгради.

Градежништвото, како нискоградбата така и високо градбата, претставува двигател на економијата и главен драјвер на економскиот развој. Изградбата на модерни и современи патиштата значи побрз развој на економијата, туризмот, побрз и побезбеден проток на патници и стоки.

Додека некои само се сликаа со маици со бројки од Коридорите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со забрзано темпо гради патишта, автопатишта, експресни во сите делови од државата и ја модернизира патната инфраструктура.