Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Власта ги бојкотира проектите од суштинско значење за граѓаните во Охрид

Централната власт ги саботира капиталните проекти и го кочи развојот на општините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централната власт ги саботира капиталните проекти и го кочи развојот на општините во кои градоначалниците се од редовите на ВМРО ДПМНЕ.Власта не само што нема слух за овие општини, туку ги остава на цедило без поддршка. Автопатот Кичево-Охрид и затворениот пливачки базен се градат цели 8 години,децениски проблем е и изградбата на марина како и дислокацијата на депонијата Буково.Сеуште се чека и планот за охридското крајбрежје-ова се само дел од проблемите со кои се соочува охридскиот градоначалник, Пецаков.

“Вакви погубни политики према Охрид континуирано во последниве 3-4 години јас барем колку што паметам не сум видел од ниту една влада и ова кое што го прават како притисок.Затоа што ако размислиме генерално, катната гаража,реконструцијата на плоштадот, сите останати работи кои што се пред конзерваторско мислење, ќе ги користат сите граѓани и туристи во Македонија,нема да ги користи само градоначалникот и охриѓани, па сега ќе тераме инает и цело време не можеме да ги завршиме работите”-вели Пецаков

Прилеп е една од општините која пронашла алтернативен начин за финансирање на капитални проекти,преку издавање на општински обврзници,но ништо од тоа.

Реклама

“Нешто кое што од старт беше закочено и немавме можност да продолжиме да интервенираме за да го оствариме и реализираме преку централната власт,а тоа беше со единствена и јасна цел и намера да се обезбедат повеќе пари во општинската каса која што вреди да се напомене дека пред 2 години оваа локална власт ја начека со минус 5 милиони евра”-вели Влатко Петковски

Локалната власт воДебрца поднесува проекти аплицирајќи на најразлични национални програми,ама се окозува додека дојдат до парите.

Поминува долг временски период од моментот кога ние ги поднесуваме апликациите до моментот кога се одобруваат тие сретства. А потоа и додека се имплементираат се губи година и половина, значи цела една буџетска година ја губиме додека ги добиеме и оние сретства кои што се одобрени –вели Зоран Ногачески,градоначалник на општина Дебрца

Генерален проблем кој го имаат сите општини се блок дотациите кои ги добиваат од министерствто за обрзование,парите не стигнуваат да се закрпат дупките во училиштата,а камо ли за нивно тековно одржување.

Росица Голабоска