Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Свет

Бајден ги смирува сојузниците дека и да изгуби на изборите НАТО останува приоритет на САД

Претседателот Џо Бајден ја увери најновата членка на НАТО, Финска, за посветеноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот Џо Бајден ја увери најновата членка на НАТО, Финска, за посветеноста на алијансата. Тој се обиде да ги смири европските стравови дека можната промена на администрацијата на САД може да значи несигурни трансатлантски врски.

„Апсолутно ви гарантирам. Нема сомнение. Има огромна поддршка од американскиот народ“, рече Бајден.

Претходникот на Бајден, Доналд Трамп го нарече НАТО застарен, создавајќи вознемиреност кај сојузниците.

Реклама

Сега има уште две нови членки на алијансата, а Шведска наскоро ќе се приклучи.

Финскиот претседател рече дека земјата се чувствува посигурна.

„Имаме 80 отсто од населението кое го поддржува членството во НАТО и повеќе од 80 отсто кои велат дека ќе ги заштитиме и нашите сојузници“, рече финскиот претседател Саули Ниинисто.

Заштита се однесува на агресијата на рускиот претседател Владимир Путин, за кого Бајден рече дека веќе ја изгубил војната со Украина.

„Путин има вистински проблем. Како се движи одовде? Што прави тој?”, рече Бајден.

За разлика од Трамп, кој се сретна со Путин во Хелсинки пред пет години и рече дека верува оти Русија не се мешала во изборите во САД во 2016 година и покрај доказите на американските разузнавачки служби, во Хелсинки, Бајден се сретна со лидерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд, кои сега се членки на НАТО.

Тој на некој начин ги увери европските лидери дека позицијата на САД, останува непроменета.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон