Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Вештачката интелигенција наскоро ќе проговори на македонски јазик. Првите резултати од проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција наскоро ќе проговори на македонски јазик. Првите резултати од проектот „Везилка“ се очекуваат уште ова лето со дигитална алатка што треба да им помага на граѓаните да стигнат до посакуваните услуги. Наместо класично пребарување, алатката треба директно да ги води до услугата што им е потребна. Веќе од есен треба да почне нејзината примена во клучни области како здравството, земјоделството и енергетиката.

На порталот услуги.гов.мк намерно не воведуваме алатки на вештачка интелегенција затоа што тие се базирани на некоја странска алатка. Со Везилка кога ќе дојдете на порталот нема вие да пребарувате услуги туку порталот ќе ве прашува и ќе биде агент или поддршка за тоа што ви е потребно и ќе стигнувате многу побрзо до посакуваната услуга наместо да пребарувате, а ние позадински ке имаме анализи, податоци информации, ова е само една од примените.“- вели Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.

Инаку новото министерство за дигитална трансформација основано од Владата засега според човекот кој го води ги дава очекуваните резултати. За само две години – институции  разменуваат елетронски меѓусебно податоци, без губење време се да се носи на хартија, повеќе услуги на едно место и побрза администрација. Во својот отчет за сработеното во изминативе две години, министерот Стефан Андоновски истакна дека од стагнација и наследен нефункционален систем, функционираме современо.

Реклама

„Овој портал беше замислен како централна дигитална врата до услугите на државата, но со години беше недоволно развиен и недоволно користен. Денес состојбата е поинаква. Бројот на електронски услуги на порталот се зголеми од 120 во 2024-та година, на 352 во 2026-та година. Тоа е раст од 193 отсто. Месечниот број на издадени услуги се зголеми од 1.354 во 2024-та година, на 13.435. Тоа е раст од 892 процента, скоро девет пати поголем број на издадени услуги. Бројот на корисници порасна од 110.000 на 267.000, а вкупниот број на поднесени барања се зголеми од 64.000 на 340.000,“ рече Андоновски.

Од министерството дополнително најавуваат и нови проекти. Нови електронски услуги, целосна реализација на апликацијата наменмета за мобилните телефони, наречена м-услуги со дигитален паричник, зајакнување на сајбер безбедноста и едукација на децата за дигитална писменост уште од најрана возраст .