Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Зошто сѐ почесто „Брзата помош не е доволно брза“?

И треба ли итна помош на Итната медицинска помош во Скопје? Само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И треба ли итна помош на Итната медицинска помош во Скопје? Само седум медицински екипи дневно стојат на располагање за 600 илјади граѓани во главниот град.Тоа значи тим од еден доктор, медицинска сестра и возач опслужуваат повеќе од 90 илјади луѓе. Слабата покриеност на теренот ја потврдуваат и искуствата на пацинетите. Се повеќе се жалат дека чекаат по еден час за да дојде возило со Брза помош. Покрај кадровската, лоша е и техничката страна. Во моментот, Итната помош  располага со 10 возила од кои се корстат 7 бидејќи толку медицински екипи има во Скопје, од тие комбиња речиси сите се амортизирани. И покрај поплаките од граѓаните раководителката на оваа здравствена установа Милица Бубало, тврди дека ситуацијата не била така алармантна ама секогаш можело подобро. Таа уверува дека екипите прават се што е во нивна моќ за да стигнат најбрзо што можат, а на граѓаните им порача сами да си проценат дали пациентот е во животозагрозувачка состојба или не. Пред да се јават на 194, да се стават во позиција на доктори па самите да видат дали болниот е за на матичен докотр или за брза реакција, од брзата помош која и не е така брза.

Граѓаните не можат сами да направат до некаде проценка на итноста и сметаат дека одредени здравствени состојби кај нив претставуваат итни.Јас пак ќе апелирам до граѓаните, дека одредени здравствени состојби кој се подолг временски период, па еве и температурата таа не е итна состојба.Значи треба да се јават на матичен доктор да се консултираат со него” вели Милица Бубало, раководител на ИМП Скопје.

Со седум екипи докторите од Брза помош не оприраат само во централното градско подрачје. Од Катланово до Зелениково општина Илинден, Сарај, Матка сите овие пригратски места зависат од оваа служба. Како друг горлив проблем за доцнењето, Бубало го спомена и сообраќајниот хаос во Скопје.

Реклама

Екипи никогаш не се доста.Во еден момент може сите да се во сите пунктови а во следната секунда сите да се излезени на терен, така да зависно од моменти и ситуации” вели Бубало.

За жалбите и поплаките околу доцнењето на Брза помош, Алфа минатата недела објави сторија каде што, Соња Стамбовска од Карпош која сама се грижи за својата 94 годишна мајка Јела, која боледува од Алцхајмер и има повеќе хронични заболувања води битка со брзата помош. Таа јавно кажа дека во моменти кога лекарската екипа и била најпотребна не и помогнала и кажа дека била ставена и на црната листа на оваа служба.