Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Зохиу: Европската интеграција на Западен Балкан е стратешки приоритет на ЕУ, Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот

За поддршка и промоција на европската перспективата на регионот, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис ќе ги посети Србија на 12 и Босна и Херцеговина и Црна Гора на 19 јуни, како што информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето за посета на нашата земја […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За поддршка и промоција на европската перспективата на регионот, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис ќе ги посети Србија на 12 и Босна и Херцеговина и Црна Гора на 19 јуни, како што информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето за посета на нашата земја рече дека кога ќе се прецизира ќе излезат со соодветно соопштение.

Посетата на Герапетритис на Западен Балкан е дел од активностите на Атина во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 година, а Зохиу посочи дека европската интеграцијата на Западен Балкан, за ЕУ е стратешки избор, а за Грција е принципиелен став која „од 2003 година до сега е земја што ја забрзува интегративната перспектива на Западен Балкан“

– Европската интеграција на Западен Балкан претставува стратешки приоритет на Европската Унија, Грција како најстара земја членка на Европската Унија во регионот останува цврст поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан, секогаш врз основа на поставените услови и критериуми и без отстапка од обврската за почитување на владеењето на правото, меѓународното право и добрососедските односи, посочи Зохиу.

Реклама

За посетата на шефот на грчката дипломатија, информираше дека на 12 јуни ќе биде во Србија, а седум дена подоцна во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

– Основната цел на посетата е реафирмирање на грчката поддршка на европскиот пат на овие земји и охрабрување на напредокот во неопходните реформи за официјално отвораење на пристапните преговори, објасни портпаролката на грчкото МНР.

На прашањето дали Герапетритис ќе ја посети и нашата земја, Зохиу рече дека кога ќе се финализира во следната фаза, ќе излезат со соопштенија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција на брифингот со новинарите се осврна и на последните случувања во Албанија и посочи дека „нејзиниот интегративен процес минува низ почитување и заштита на правата на грчкото малцинство“.