Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Жестока битка за Марковите кули: во Прилеп жестока битка меѓу дури девет кандидати за градоначалници

Битката за градот под Марковите Кули ќе биде жестока. Од осамостојувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битката за градот под Марковите Кули ќе биде жестока. Од осамостојувањето на Македонија, па се’ до овие Локални избори, Прилеп останува сериозен предизвик за сите политички аспиранти за освојување на локалната власт.  Дури девет кандидати ќе претендираат за функцијата прв човек на Општината, кој после Скопје, е и највисок број на кандидати за градоначалник. А има и 11 советнички листи. Дека Прилеп е сериозен политички „мегдан“ за сите учесници во изборната трка, говори и фактот што и најголемата Коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за свој кандидат за градоначалник избра веќе докажан и чесен политичар, актуелен пратеник и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, но и фаворит на прилепчани, Дејан Проданоски.  

   „Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил. Ова ќе бидат избори кои што ќе значат секодневие на секој еден прилепчанец. Ова ќе бидат избори кои што ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани. Овие се избори кои што ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека имаме одличен тим, сигурност дека имаме уште подобра Програма и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од  Владата на Република Македонија, предводена од претседателот  Христијан Мицкоски“, – изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

  Опозициската СДСМ пак, за противник на Проданоски, уште во август ја избра актуелната претседателка на ОО, Петра Лукароска. Лукароска веќе два месеци е во интензивна „офанзива“ за освојување на гласачите, главно преку политички флоскули и критики за досегашната работа на опонентите, и без многу конкретни идни програмски решенија. 

Реклама

  „Изминатите 4 години власт на ДПМНЕ, за Прилеп, за сите нас, беа години назадување во секоја сфера на општественото живеење. Тој тренд мора да се прекине. На Прилеп му треба одговорна општинска власт која со максимална посветеност и нова енергија, ќе ги донесе неопходните промени. Како кандидатка за градоначалник на Прилеп, заедно со кандидатите за советници од листата на СДСМ и Коалицијата, се залагаме и се бориме за економски развој и здрава животна средина, за солидарност и социјална правда“ – вели Петра Лукароска, кандидат за градоначалник од СДСМ и Коалицијата.

    Во трката за градоначалник на Прилеп, освен Проданоски и Лукароска, влегуваат и: Љупчо Дунимаглоски, Ѓорѓија Игески, Борче Чупетрески, Павлинче Матеска, Владимир Ѓорѓиоски и Жарко Бошкоски. Од нив четворица се независни, а тројца кандидати се поддржани од политички партии.

  Инаку, колку за потсетување, на последните Локални избори во 2021 година, СДСМ во Прилеп доживеа катастрофален пораз уште во првиот круг. Нивниот тогашен кандидат и екс-министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, ја загуби изборната трака со дури 7.500 гласа разлика од се’ уште актуелниот градоначалник Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.